Обожавателите на серијата „Сексот и градот“ не можеа да прифатат дека актерката Ким Катрал повеќе не е дел од актерската екипа. Новата сезона на серијата „And Just Like That“, предизвика многу контроверзии токму поради тоа што многумина веруваат дека четворката е нецелосна без Саманта и дека поради тоа серијата повеќе не е автентична.

На изненадување на многумина, познатата актерка објави дека уште еднаш ќе ја игра улогата на славната Саманта Џонс, иако се шпекулираше дека била во кавга со Сара Џесика Паркер. Сепак, оваа вест разочара многумина, бидејќи нејзината улога ќе биде епизодна, а според странските медиуми таа имала два услова.

Катрал конечно проговори за својата одлука да се врати во култната серија или нејзиното продолжение. Таа раскажа како поминале преговорите и кажа што бара за да ја прифати улогата.

Многу е интересно кога ќе ви се јави шефот на ХБО и ќе ви каже: „Што да правиме?“, а јас реков: „Хммм, дозволете ми да бидам креативна“, тврди Ким Катрал дека така одел разговорот.

Нејзиното барање било:

А една од тие работи беше да ја вратам Патриша Филд и си помислив, ако сакам да се вратам, морам да се вратам со тој стил на Саманта, морам да го придвижам напред и го направивме тоа“, пренесе „Д вју тодеј“.

Катрал се враќа во сцена од новата сезона на „And Just Like That“ во која телефонски разговара со Сара Џесика Паркер, но таа сцена ја снимиле одделно. Актерката не била видена со ниту еден член од тимот, пишува „Дејли Мејл“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.