Актерот Крис Нот, познат како „Ѕверката“ од култната серија „Сексот и градот“, се огласи на Инстаграм два месеца по обвиненијата за сексуално злоставување.

Прво објавил фотографија од својот постар син додека игра кошарка, а во описот додал дека е возбуден додека гледа како расте неговата љубов кон овој спорт.

Потоа објавил уште една фотографија со која на помалиот син Китс му честита роденден.

Следбениците на актерот во коментари му порачаа дека се среќни што се вратил на социјалните мрежи и дека го поддржуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Noth (@chrisnothofficial)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.