Актерот Расел Бренд е обвинет за силување и сексуален напад, што се случувале во период од седум години.

Како што пренесува „Тајмс“, за ова бил обвинет од четири жени, а сето тоа наводно се случило во екот на неговата слава.

Се тврди дека сето тоа се случило помеѓу 2006 и 2013 година, кога Бренд бил водител на „BBC Radio 2“ и „Channel 4“, пред да стане холивудска ѕвезда.

Ужасните наводи излегле на виделина откако Расел објави видео на својот канал на Јутјуб во петокот во кое тој жестоко ги негираше „сериозните обвинувања упатени против него“.

„Како што нашироко пишував во моите книги, во минатото бев многу, многу промискуитетен“, рекол тој, меѓу другото во видеото.

„Во тоа време на промискуитет, односите што ги имав беа апсолутно секогаш обострани. Тогаш секогаш бев транспарентен околу тоа, речиси премногу транспарентен, но и сега сум транспарентен. Се прашувам чиј интерес стои зад се“, додал актерот.

Според наводите што ги објави „Тајмс“, една жена тврди дека Бренд ја силувал „притиснувајќи ја до ѕид“, а друга тврди дека актерот ја нападнал кога тој имал 31, а таа 16.

Таа исто така обелоденила дека актерот ја нарекол „дете“ за време на „емоционално навредлива и контролирачка врска која траела три месеци“.

Третата жена истакнала дека комичарот наводно сексуално ја нападнал додека работела со него во Лос Анџелес и тврди дека и се заканил дека ќе ја тужи ако каже некому. Четврта жена тврдела дека Бренд сексуално ја нападнал, како и физички и емоционално ја малтретирал.

Актерот ги отфрли обвинувањата, а што ќе биде понатаму со овој случај останува да видиме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.