„Нешто слатко“ – романтичната и питката комедија со актерските ѕвезди: Сашко Коцев како Аце Мајсторовски и Јелена Јованова-Периќ во ликот на Каја, од премиерната проекција во мај 2023 година до сега, во кино салите и на отворено (летни кина), ширум нашата земја се прикажа пред повеќе од 7.000 задоволни гледачи.

Главниот дистрибутер во РСМ, ПРОЦЕС К ПРОДУКЦИЈА, им овозможува на гледачите проекцијата на филмот да ја гледаат во следните градови и термини: Пробиштип – Дом на култура „Злетовски Рудар“ – 22.9, Демир Хисар – Дом на култура „Илинден“ – 22.9, Прилеп – Дом на култура „Марко Цепенков“ – 25 и 26.9, Св. Николе – Дом на култура „Крсте Мисирков“ – 28.9, Кичево – Дом на култура „Кочо рацин“ – 28.9, Кратово – Дом на култура „Лазар Софијанов“ – 30.9, Куманово – септември (датумот ќе биде дополнително објавен), Охрид – Центар за култура „Григор Прличев“ – 4 и 5.10, Кавадарци – Дом на култура „Иван Мазов“ – во првата половина на октомври, Богданци – Дом на култура „Бранд Петрушев“ – во првата половина на октомври, Валандово – Дом на култура „25-ти Мај“ – исто така кон првата половина на октомври и во Крива Паланка – Центар за култура – по 10 октомври, а наскоро и во КИНО МИЛЕНИУМ, Скопје – кон крајот на септември и октомври.

Меѓу останатото филмот е прикажан во Cineplexx MK, Кино 3D Битола, Дом на млади Штип и Паркинг кино – Битола, како и на неколку фестивали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.