На 27 април во 20:00 ќе се случи првата активност на Артактум – во соработка со Кинотеката на Македонија ексклузивно ќе биде проектирана првата претстава од проектот ТЕАТАР НА ПЛАТНО – CAFÉ MÜLLER на легендарната Пина Бауш.

Пред почетокот Искра Шукарова накратко ќе нè запознае со некои интересни детали за Пина Бауш и нејзиното творештво.
Во современиот танц некои од нас ги доживуваaт претставите емоционално, други сакаат да си раскажат своја приказна, трети сакаат да го одгатнат смисолот на метафорите. Особено за овие третите, по КАФЕ МУЛЕР ќе направиме разговор за заедно да пофантазираме и да ги споделиме нашите размислувања и чувства, информираат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.