Утревечер, во скопските кина Милениум и Синаплекс премиерно ќе биде прикажан анимираниот цртан филм „Звуците на Новата година“.

Во цртаниот филм ќе дознаете што се случува со звуците на Новата година. Зошто ниедна мелодија не е како што треба и зошто се испревртени зборовите во сите песни на светот? На светот? Подобро речете – во целата бесконечна вселена. Но, ако мислевте дека нема кој да го реши проблемот – погрешивте. Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз, роботчето Р1, но и мистериозните чувари на Заз се обединуваат да ја спасат целата музика во универзумот, соопштуваат од креативниот тим.

Режисери на филмот се Димитар Аризанов и Јосип Здравковски, гласовите ги позајмуваат актерите Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска и Дамјан Цветановски, а за музиката се погрижи Ангел Ќкосев.

Филмот ќе се прикажува во кино салите Синеплекс и Милениум, но исто така „Звуците на Новата година“ ќе патуваат низ цела Македонија и тоа, – „3Д Кино“ Битола (21, 22, 25 и 27.12.2023), „Мис Стон“ Прилеп (22.12.2023), „Дом на култура Гевгелија“ (23.12.2023), „Дом на култура Свети Николе“ (21, 22 и 25.12.2023), „Дом на култура Пробиштип“ (26.11.2023), „НУЦК“ Кичево (21.12.2023), „Дом на култура Бограднци“ (25.12.2023), „Киноверзум Штип“ (21.12.2023), „Киноверзум Велес“ (21.12.2023), „Дом на култура Охрид“ (29.12.2023), „Дом на култура Крушево“ (21.12.2023), „Дом на култура Демир Хисар“ (21.12.2023), „Кино Манаки“ Битола (22, 23 и 24.12.2023) и „Киноверзум Свети Николе“ (21.12.2023).

Исто така, за претстојните викенди (23.12, 24.12, 30.12 и 31.12.2023) со почеток од 12:00-16:00 часот пред кино салата Синеплекс, тимот на „Светот на Биби“ подготви бесплатни IQUP работилници со детски друштвени игри, научни експерименти и уште многу други изненадувања.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.