Центарот за култура во Битола беше исполнет со вистинско културно доживување. Првата проекција на српскиот филм „ Јорговани“ беше неверојатно искуство, со сала полна до последното место. Слобода Миќаловиќ и Иван Босиљчиќ по 15 години на филмското платно повторно се заедно. Тие заедно играа во сериите „Ранетиот орел“ и „Непобедливо срце“.

Дали е можна вистинска љубов зад филмските камери? Што го крие очигледниот гламур на популарноста? Дали партнерите на сцената стануваат ривали кога ќе паднат маските? Ова се дел од прашањатаа во откачената и по малку сатирична приказна, пародија на српската хиперпродукција на снимањето серии, која ја носи омилена актерска двојка во филмот „Јорговани“ на Синиша Цветиќ.

Катарина (Слобода Миќаловиќ) и Игор (Иван Босиљчиќ) се актери кои се заедно и на екранот и надвор од него. Заслепени од блесоците и оглушени од аплаузите, Катарина и Игор, иако неразделни, долго време ниту се слушнале, ниту се виделе, до доделувањето на наградите за најдобра серија на годината, каде ќе се собере целата екипа. Таму јасно се гледа и лицето и реверсот на филмската и телевизиската индустрија во Србија денес, ќе стане јасно дека нивните животи се поголема мелодрама од онаа што ја снимија.

Во останатите улоги се: Гордан Кичиќ, Милутин Мима Караџиќ, Исидора Јанковиќ, Јован Јовановиќ, Павле Чемерикиќ, Небојша Дугалиќ. Свечената премиера на филмот  се одржа на 27. февруари во рамките на натпреварувачката програма на фестивалот ФЕСТ, а во кината ширум Србија и регионот од 29 февруари. Досега филмот го погледнале над 100.000 гледачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.