Легендарниот актер Бранко Цвејиќ почина на 76-годишна возраст, објави Телеграф.рс.

Според српските медиуми, Цвејиќ пред 20 дена бил хоспитализиран поради проблеми со срцето и се борел за живот.

Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1969 година и оттогаш е постојан член на Југословенско драмско позориште. Покрај тоа што игра значајни улоги беше и Управник на ЈДП во периодот од 2002 до 2011. година, а играше и во претстави на Атеље 212 и Театарот Звездара.

Популарноста ја стекна со улогата на Бане Бумбар во телевизиската серија „Грлом у јагоде“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.