Skip to main content

Актерката Тинка Ристеска вечер ќе одбележи 55 години игра на сцената на струмичкиот театар

Со улогата на Марина во претставата „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Дејан Ангелов, која ќе се одигра вечер на сцената на НТ „Антон Панов“-Струмица, актерката Тинка Ристеска ќе одбележи 55 години театарска и актерска дејност.

Како што соопштија од струмичкиот театар, токму претставата „Вујко Вања“ и е посветена на долгогодишната актерка Тинка Ристеска, која своето театарско патешествие како уметник го започнала уште во далечната 1969 година.

Претставата, во која и таа самата игра, ќе биде одбележување на нејзиниот 55-годишен јубилеј актерска дејност. Триесет и шест години професионален стаж, плус уште 19 години актерски улоги како гостин на струмичката сцена по завршувањето на активната кариера – тоа е нејзиниот влог во македонската театарска уметност. Генерации струмичани и струмичанки растеле гледајќи ги претставите во кои таа играла станувајќи еден од препознатливите ликови на струмичката култура, се наведува во соопштението од Тетарот.

Во соопштението се додава дека уметникот останува уметник цел живот, а доказ за тоа е и Ристеска, која и по цели две децении по пензионирањето, уште е нераздвојна од театарската сцена.

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortistanbul escort