Во 2017 година Том Хенкс, патувајќи низ Европа случајно се сретнал со полски Fiat 126p, кај нас попознат како „Пегличка“. Тоа беше љубов на прв поглед, а Хенкс се` почесто објавувал фотографии од автомобилот на социјалните мрежи со опис „Добив нов автомобил“.

Граѓаните на Биелско-Бјала, градот од кој потекнува полскиот Fiat 126p, решија да му се заблагодарат на Хенкс за промовирањето на автомобилот, и да му донираат еден примерок. И не каков било, туку навистина посебен. Моника Јасколска организирала акција за собирање средства, а откако биле собрани околу 8.500 полски злоти, купен е половен автомобил. Тука во приказната влегува Carlex Design, кој наводно целосно бесплатно го преуредил автомобилот.

Пегличката е лакирана во бела боја, а по реновирањето, внатрешноста добила зеленикаво-жолта кожа и посвета на познатиот актер преку етикетите на уникатниот модел „Биелско-Биала за Том Хенкс“ и „Еден од еден“. Бидејќи Хенкс е голем љубител на машините за пишување, Carlex одлучиле да ги заменат прекинувачите со нови што изгледаат како оние од машина за пишување.

Актерот лично се потпишал и на внатрешната страна на возачката врата, а дополнителен детал е црвеното куче под задното стакло кое кимнува со главата на свиоците. Автомобилот го задржал оригиналниот, двоцилиндричен мотор со зафатнина од 594 кубика и 23 КС.

Автомобилот е пренесен во Лос Анџелес и предаден на актерот, кој сега решил да го продаде по пет години и помалку од 500 поминати километри. Се нудел преку платформата Bring A Trailer, а целата сума е донирана на фондацијата Елизабет Дол и нејзината кампања Скриени херои. И тоа е огромна сума бидејќи автомобилот на аукција достигнал неверојатни 87,2 илјади долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.