Холивудската актерка Глен Клоуз го избра филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во промотивно видео пред оскаровската церемонија во кое на филмски уметници им се поставува прашањето кој филм ги инспирирал да посакаат да патуваат во некоја земја. Во 1.51 минута од видеото Клоуз го избира токму македонскиот филм, кој беше номиниран за „Оскар“ за странски филм во 1994.

Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стар и многу работи се случувале на таа почва. Никако да ми излезе од мислите, вели Клоуз.

Филмот „Пред дождот“ годинава одбележува 30 години откако излезе во 1994 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.