„И едноставно така“ (And Just Like That), новото поглавје на „Сексот и градот“, е подготвено за втора сезона, соопшти „ХБО макс“ во вторникот.

„Воодушевен сум што можам да раскажам повеќе приказни за овие ведри, храбри ликови – кои ги глумат неверојатни актерки. Факт е дека сите сме воодушевени“, изјави извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг.

Серијата, која заврши во февруари, донесе висока гледаност на „ХБО макс“, а фановите беа задоволни со рестартирањето на „Сексот и градот“. Сепак, критиките беа различни. Новото поглавје не им се допадна на повеќето професионални критичари, но и на некои фанови на оригиналот.

А во одбрана на новото поглавје, директорката на оригинални содржини на Ејч-би-о, Сара Обри, изјави:

Воодушевени сме од приказната генерирана од овие ликови и нивните стории, сместени во свет што веќе го знаеме и сакаме. Горди сме на работата што Мајкл Патрик Кинг и нашите одлични писатели, продуценти, актери и екипа ја направија за да ги донесат овие приказни на екранот. Едвај чекаме фановите да видат што се подготвува за втората сезонa.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.