Поради финансиската состојба во светот, челните луѓе на „Нетфликс“, одлучија малку да го подзапрат трошењето.
Според донесената одлука, компанијата планира во следните неколку години да троши по околу 17 милијарди долари годишно за нови содржини.
Поминавме низ прилично големи деловни транзиции. Станавме „попаметни“ и сега може да ги насочиме нашите трошења за да имаат поголемо влијание – изјави финансискиот директор, Спенсер Нојман.
Иако порано трошеа до 20 милијарди долари годишно, пандемијата остави белег на најголемата стрим-платформа во светот. Конкретно, „Почудни нешта 4“ (Stranger Things 4) им помогна да ги задржат претплатниците, но им донесе и повеќе трошоци.
Особено таа серија беше погодена од Ковид поради младата актерска екипа, големината и обемот на продукцијата и бројот места на кои снимавме. Беше многу скапо да се испорача таа серија… Финансиското влијание на таа серија беше поголемо од она на други проекти – вели еден од извршните директори, Тед Сарандос.
Една од причините за намалувањето на сезоната било времетраењето на снимањето бидејќи многу од него било забавено и поради претходни прекини и внимавањето за глумците да не се заразат со корона вирус.
Претходно беше објавено дека „Нетфликс“ за три месеци изгубил околу 970.000 претплатници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.