Еден од можеби најпосакуваните мажи во Холивуд, Бредли Купер има нова девојка, а според американските медиуми, таа е една од највлијателните жени во политичкиот свет…

Станува збор за Хума Абедин, најблиската соработничка на Хилари Клинтон и поранешна сопруга на политичарот Ентони Вајнер. Бредли и Хума се запознале, наводно, преку уредничката на списанието „Вог“, Ана Винтур, нивна заедничка пријателка.

Оваа информација ја потврди извор близок до новопечената двојка за „Пејџ сикс“.

Бредли неколку месеци е во врска со Хума, но и двајцата тоа го премолчуваат. Тој раскина со колешката своја Дијана Агрон и веднаш почна да излегува со Хума – вели неименуваниот извор.

Позната како „Црниот лебед на американската политика“, муслиманката во минатото водеше исламска организација којашто важела за „засолниште за радикални проповедници“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.