Јавноста е запрепастена откако деновиве беа објавени фотографии од некогашната холивудска ѕвезда и актерка од многу филмски хитови во осумдесетите и деведесетите. Папараците ја уловија во понеделникот, кога со синот пристигнала на аеродромот во Лос Анџелес.

Ретко кој би ја препознал, но станува збор за Бриџит Фонда, денес 59-годишна жена, која реши да се повлече од актерството во 2002 година.

На прашањето дали сака да се врати во Холивуд, Фонда едноставно одговори: „Не“. Откако фотографот ја прашал дали има шанси да се врати, таа повторно одговорила негативно и додала дека „поубаво е да си обичен човек, кој не е познат“.

Фонда во 2003 година доживеа тешка сообраќајна несреќа откако излета од насип додека врнеше силен дожд. Како што пренесува Би-Би-Си, се здобила со „лесна скршеница на два торакални пршлени“, но целосно закрепнала.

Потоа решила да ја прекине својата актерска кариера за да основа семејство со нејзиниот сопруг Дени, кој има две ќерки од претходниот брак со Гери Ајзенменгер, а со Фонда го добија синот Оливер во 2005 година.

Таа доаѓа од холивудската династија Фонда. Нејзиниот дедо е филмската легенда Хенри Фонда, нејзиниот татко е актерот Питер Фонда, а нејзината тетка е Џејн Фонда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.