Наградите БАФТА ќе и оддадат посебна почит на кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември 2022 година, на церемонијата в недела ( 19 февруари) во Лондон.

Кралицата зазема уникатно место во историјата на БАФТА, блиска асоцијација што траеше 50 години“, велат од Британската академија. „Преку нејзините различни покровителства, кралицата беше позната по нејзината поддршка на креативните индустрии во Велика Британија“.

Дејм Хелен Мирен, која освои Оскар и БАФТА за нејзината улога во биографскиот филм на Питер Морган „Кралицата“ од 2006 година, ќе ја укаже почеста пред внукот на кралицата, при што се очекува принцот Вилијам и Кејт Мидлтон да присуствуваат на настанот во лондонската кралска фестивалска сала.

Меѓу гостите кои се најаваени за гала настанот се Ана Де Армас, Анџела Басет, Остин Батлер, Бери Кеоган, Баз Лурман, Бил Наји, Брендан Фрејзер, Брендан Глисон, Кери Малиган, Кејт Бланшет, Шарлот Велс, Колин Фарел, Даниел Дедвајлерма, Дерил , Доли Де Леон, Еди Редмејн, Ема Томпсон, Џина Принс-Бајтвуд, Гилермо Дел Торо, Хонг Чау, Џејми Ли Кертис, Ке Хуј Куан, Кери Кондон, Мартин Мекдонаг, Мајкл Вард, Мишел Јео, Нан Голдин, Пол Мескал, Рубен Остлунд, Сем Мендес и Виола Дејвис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.