Разиграна и комична авантура која ќе ги израдува и насмее најмладите од денес во кината (10.11.2022).


Од кој знае која причина Кашеј, вечно младиот и секогаш беспрекорно облечен, не може да си најде вистинска невеста веќе тристотини години. Еден ден тој е приморан, под закана од Смртта, да киднапира една од најголемите убавици на Далечното Кралство, Брарбара. Тука почнуваат неговите неверојатни авантури.

Столетниот Кашеј безброј пати има слушнато – Никогаш нема да се оженам со тебе! Сакал да го промени тоа но ништо не му успевало., се додека не ја запознал Барбара. Млада, самостојна девојка која ја дели истата мака, постојано е под притисок од околината да се омажи, но таа одбива. Како ќе заврши големата, наизглед нерешива, ситуација меѓу Барбара и Кашеј, со брак, пријателство или уште поголем неред обоен со хумор останува да дознаеме од големото платно.
„Кашек: крадец на невести“ можете да го погледнете од денес, 10 Ноември, во Синеплекс и Градско кино Милениум.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.