„ПС Бусан“е дел од програмата на Кинотека на Македонија за месец ноември. Режијата и сценариото е на Саша Станишиќ. Улогите ги толкуваат: Ким Мин Ву, Парк Хо Чен, Џеонг Џи Јанг.

Станува збор за филм во јужнокорејска продукција којшто Станишиќ го направи за време на неговиот тринеделен резиденцијален престој во Бусан во 2019 година. Главен лик во приказната е Гу, 40-годишен самец кој работи 60 часа неделно, а еднаш во неколку месеци има слободен ден во кој конечно може да биде она што сака да биде. Филмот ПС БУСАН се обидува да одговори на прашањето што значи да се живее во голема и раздвижена азиска метропола како што е Бусан, каде новата технологија и старата традиција коегзистираат рамо до рамо. Во филмот Станишиќ на интересен начин покажува и уште еден виртуелен Бусан каде неговите жители можат да побегнат од реалниот живот и да бидат тоа што сакаат. Филмот е сниман на корејски јазик со целосно корејска екипа, додека, пак, директор на фотографија е Чои Вонук, монтажата е на Ли Дон Мин, музиката е на Васана, а главните улоги ги толкуваат Ким Мин Ву, Парк Хо Чен, Џеонг Џи Јанг – велат од Кинотека.

Филмот ќе се прикажува во следниве термини:

-14 ноември (понеделник) 18:00 ч.

-15 ноември (вторник) 18:00 ч.

-16 ноември (среда) 18:00 ч.

-28 ноември (понеделник) 20:00 ч.

-29 ноември (вторник) 20:00 ч.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.