Светот се збогува со Метју Пери.

Метју Пери ненадејно не напушти на 55-годишна возраст, а обожавателите ширум светот ќе го паметат по улогата на Чендлер Бинг во култната серија „Пријатели“.

Таа серија е сè уште една од најпопуларните, иако поминаа три децении од првата епизода, но речиси и да нема човек што не гледал барем неколку епизоди.

„Пријатели“ ги срушија сите рекорди на гледаност, а најгледаната епизода во историјата истата вечер ја погледнале 53 милиони луѓе.

Станува збор за епизодата The One After the Superbowl, двојна епизода во втората сезона на Friends. Епизодата беше премиерно прикажана на NBC на 28 јануари 1996 година, како вовед во телевизиската емисија на NBC за Супер Боул.

Во епизодата гостуваа многу ѕвезди како Брук Шилдс, Џулија Робертс, Жан-Клод Ван Дам…

Епизодата го следи Рос додека дознава дека неговиот поранешен милениче мајмун Марсел добил улога во филм кој се снима во Њујорк, а потоа се обидува да учествува во тој филм за повторно да го види својот мајмун.

Во таа епизода, Чендлер ја запознава својата стара пријателка од детството Сузи „Во гаќи“ Мос (ја игра Џулија Робертс) која работи на продукцијата, со која има интересно минато. Имено, додека биле во основно училиште, Чендлер и го подигнал здолништето на Сузи додека била на сцената, изложувајќи и ги гаќите пред целото училиште.

Договараат состанок, а Чендлер нема поим дека се работи за одмазда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.