Од 18 до 26 април во „Котур“ ќе се одржи четвртата филмска азбука, овој пат посветена на творештвото на еден од најзначајните македонски режисери Столе Попов. За време од две седмици ќе бидат прикажани трите документарни филмови и петте долгометражни играни филмови на Попов.

Освен тоа ќе биде поставена и изложба на филмски постери, карикатури и фотографии од филмовите на Столе Попов, како и од процесот на работа на истите.

Билетите за филмските проекции се со цена од 100 мкд и можете да се набават од Котур.
Програма по денови:

18.04 ВТОРНИК
📽 19.30ч | Котур кино сала | Проекција на документарните филмови на Столе Попов :
ОГАН | 1974 | колор со звук | 12 минути;
ДАЕ | 1979 | колор со звук | 15 минути;
АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА | 1976 | колор со звук, 82 минути.

19.04 СРЕДА
📽 19.30ч | Котур кино сала | ЦРВЕНИОТ КОЊ| 1981 година | игран филм | колор со звук | 124 минути | режија Столе Попов | сценарио Ташко Георгиевски.

21.04 ПЕТОК
📽 19.30ч | Котур кино сала | СРЕЌНА НОВА `49| 1986 | игран филм | колор со звук | 125 минути | режија Столе Попов | сценарио Гордан Михиќ.

🎧 21:30ч | музичка селекција на плочи ЏАЏО ДООЕЛ

24.04 ПОНЕДЕЛНИК
📽 19.30ч | Котур кино сала | ТЕТОВИРАЊЕ | 1991 | игран филм | колор со звук | 128 минути | режија Столе Попов | сценарио Мирко Ковач.

25.04 ВТОРНИК
📽 19.30ч | Котур кино сала | ЏИПСИ МЕЏИК | 1997 | игран филм | колор со звук | 128 минути | режија Столе Попов | сценарио Владимир Блажевски.

26.04 СРЕДА
📽 18.00ч | Котур кино сала | ДО БАЛЧАК | 2014 | игран филм | колор со звук, 35 мм | 165 минути | режија Столе Попов | сценарио Горан Стефановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.