Македонија полека но сигурно го гради патот кон соработка со холивудските филмски ѕвезди. Започна првиот дел од снимањето на проектот „Мојата Мајка е космонаут“ по сценарио и во режија на Енди Делиана, соопштија од Агенција за филм.

Во проектот една од главните улоги ја игра Вилијам (Били) Болдвин, една од големите холвудски ѕвезди (Sliver, Internal affair, Fair game), заедно со Наталија Санчез, една од најпознатите актерки во моментов во Шпанија, особено со серијата Лос Серано, како и Стеф Досон, Џон Гросман и Мајк Хофман.

Филмот е во копродукција помеѓу Албанија и Македонија, финансиски е помогнат од македонската Агенција за филм и европскиот фонд „Еуримаж“ („Ред Хеликоптер филм“ и „Дрим Фектори“ од Македонија, а продуценти на филмот се Енди Делиана, Ана Каролина Делвекио, Стојан Вујичиќ и Огнен Антов).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.