Номинациите за „Оскар“ ќе бидат објавени денес, со проширена категорија за најдобар филм за која сите се надеваат дека ќе отвори простор за поширок спектар на филмови.

„Моќта на кучето“, „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“ се меѓу филмовите што се очекува да соберат повеќе номинации.

Според Би-би-си, британски актери кои најверојатно ќе бидат номинирани се Ендрју Гарфилд, Бенедикт Камбербач, Оливија Колман и Кјарен Хајндс.

Академијата потврди дека церемонијата ќе има домаќин оваа година, но сè уште не откри кој.

Трејси Елис Рос и Лесли Џордан ќе ги соопштат номинациите од Лос Анџелес во 13:20 часот по Гринич.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.