Во рамки на семинарите на FAME’S Институтот, како дел од третиот курс за 2024 година – ‘Recording & Film Music’ Orchestral Course, ја продолжуваме офф-концертната програма ‘FAME’S Unplugged’. Овој проект се фокусира на женски композитори од различни култури, промовирајќи родова еднаквост во музичката индустрија.

Денес, во 20:00 часот во Лабораториум, млади талентирани музичари од Европа ќе го покажат својот талент и за првпат како дел од нашата програма ќе можете да уживате во современа класика од женски композитори. Овие млади музичари ја подготвуваат програмата работејќи во FAME’S Studio во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.