Иако сме среде лето најголемата регионална звезда Здравко Чолиќ знае каде ќе пее за Новата година. Тој ќе ги забавува гостите во Дубровник која ќе биде центар на случувањето во Хрватска.

Чолиќ вели дека е среќен оти ќе пее на најубавото место во светот како што е Страдун.

Цената за концертот на Чола е една од највисоките-130.000 евра што предизвика негодување кај граѓаните. Сепак, локалните власти смируваат и убедуваат дека парите ќе се вратат од туризмот бидејќи за новогодишните празници очекуваат рекордна посета на гости.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.