„Мјеркам те мјеркам“ е песната со која Здравко Чолиќ синоќа го започна спектакуларниот концерт во рамките на Music Week фестивал. Следуваа хитовите „Чија је оно звијезда“, „Сто дуката“, „Ничег није било измеѓу нас“, „Продужи даље“, „Чаје шукарије“, „Ти си ми у крви“ и други, а вистински делириум се случи кога на омилениот пејач на овие простори на сцената му се придружи и Лепа Брена и двајцата заедно го испеаја големиот хит „Пусти пусти моду“ и испишаа нови страници од музичката историја.

Изминатов викенд Копаоник пееше заедно со две легенди на музичката сцена во регионот – Лепа Брена и Здравко Чолиќ. Тие заедно настапија пред преполната сала на хотелот Гранд во рамките на Music Week фестивалоткој и оваа година во продукција на Скајмјузик ги помести границите кога се во прашање врвните перформанси и врвниот забавен концепт.

За љубителите на скијањето и другите снежни авантури, секој зимски месец на Копаоник е идеален, но кога би се направила анкета, март, веројатно, би добил најмногу гласови. Долгите сончеви денови, неоптоварените и во исто време добро подготвените падини на ски-центарот, во моментов дури 25 стази и една ноќна се во функција, во одлична комбинација со врвните содржини за релаксација и незаборавно ноќно излегување – гарантираат неспоредливо искуство и ги покануваат ги сите љубители на овој вид на одмор да ја завршат зимската сезона на најубав можен начин – на покривот на Србија.

Опкружени со прекрасната природа што го краси Копаоник, гостите можат да уживаат во ексклузивните спа објекти како незаменлив дел од врвниот зимски одмор. Отворен и затворен базен со поглед на скијачките патеки, светот на сауни и луксузни третмани создадени во соработка со престижен швајцарски бренд, носат врвна спа атмосфера.

Луксузен и истраен, хотелот нуди ненадминато планинско искуство збогатено со бројни капацитети за релаксација и уживање во текот на целата година. Првокласни третмани во спа и велнес центарот, уникатно дизајнирани пакети за одмор, целодневна анимација за деца, како и бројни активности на отворено, се само дел од содржините со кои хотелот Гранд ќе ве однесе низ незаборавни авантури и ќе ви ги открие најубавите тајни на Копаоник.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.