Три години и три месеци затвор му се пресудени на Турчинот Алсин Левент кој пред три години ја предизвика сообраќајната несреќа во која недалеку од градот Билефелд загинаа фолк легендата Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист, музичарот Мирсад Кериќ, а со тешки повреди се здоби Слободан Стојадиновиќ. На судењето во Гитерсло, кое започна и заврши денеска, присуствуваше целото семејство Шаулиќ, вдовицата Гордана, како и децата Михајло и Санела, но и синот на починатиот Мирсад Кериќ.
Aдвокатотна обвинетиот Левент истакна дека неговиот штитеник знаел дека нема оправдување или олеснување за овој чин. Обвинетиот ја прифатил одговорноста и признал сè.
Во еден момент, како што пренесува „Дојче веле“, синот на жртвата Мирсад Кериќ вербално го нападнал обвинетиот, но и неговиот адвокат. Според ДВ, се слушале пцовки и недолични зборови. После тоа, обвинетиот накратко им се обратил на семејствата на жртвите со зборовите: „Жал ми е, никого не можам да погледнам во очи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.