Речиси три години по сообраќајната несреќа во која недалеку од Билефелд загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а Слободан Стојадиновиќ се здоби со тешки телесни повреди, во Гитерсло денеска почна судењето на Турчинот Алсин Левент, кој е обвинет за двојно убиство од небрежност.

Целото семејство Шаулиќ, вдовицата Гордана со децата Михајло и Санела, како и синот на починатиот Мирсад Кериќ, присуствуваат на судењето кое предизвикува голем интерес во јавноста до таа мера што судот доби рекорден број барања за акредитација на германски, но и претставници на медиумите од целиот регион. Поради големото присуство на медиумите, обвинетиот влезе во судницата со качулка на главата и цело време држеше книга пред себе за да не погледне во семејството.

Судењето може да заврши денеска, бидејќи Турчинот ја призна вината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.