Филмот „Тома“ потсети на несреќната и прерана смрт на кралицата на севдалинките, југословенската пејачка Силвана Арменулиќ, која загина во 1976 година на 37- годишна возраст. Нејзината колешка Лепа Лукиќ вели дека секој октомври се потсетува дека за влакно се спасила од сигурна смрт, зошто и таа требала да биде заедно со Силвана.

И јас требаше да сум во тој автомобил. Се успав првпат во кариерата. Од тогаш, од 1976 година, немам седнато позади волан да возам. Не знам зошто воопшто ја продолжувам возачката дозвола. Кога и да се возев некој беше со мене, многу се плашев, откри неодамна Лукиќ во „Амиџи шоу“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.