Легендарната пејачка Силвана Арменулиќ трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа пред 45 години, на 10 октомври 1976 година, на автопатот Белград-Ниш, кога се враќала од концерт.

Заедно со неа починала и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ, која била бремена и виолинистот Раде Јашаревиќ, додека третата сестра Дина Бајрактаревиќ Николиќ, како што еднаш рекла, за влакно ја избегнала смртта.

Силвана имала 37 години кога починала.

На социјалните мрежи се појави стара фотографија од местото на несреќата на која се гледа автомобилот во кој се наоѓала пејачката и кој е целосно уништен!

Според реконструкцијата на несреќата, по рамна сообраќајница фордот се движел со брзина од околу 150 км/ч, а потоа наеднаш почнал да преминува на левата, спротивна лента и дошло до судир.

Десната страна на фордот со толкава сила удрила во камионот што целосно го извадила предното десно тркало и се вовлекла под него.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.