Памела Андерсон уште еднаш се појави во јавноста без шминка и со тоа докажа дека не е роб на воспоставените стандарди за убавина.
Овојпат Андерсон присуствуваше на доделувањето на модните награди во Лондон. Таа со насмевка на лицето позираше пред присутните фотографи.
За овој настан, Памела се одлучи за бела облека и врзана коса.
View this post on Instagram
Таа претходно сподели дека одлучила да престане да се шминка откако нејзината шминкерка Алексис Вогел почина од рак на дојка.
Таа беше најдобра. Без Алексис, само мислам дека е подобро да не се шминкам“, рече Андерсон.
Оваа одлука ја смета за ослободувачка и забавна бидејќи го прави спротивното од она што го прават сите други. Таа за прв пат се појави без шминка пред неколку месеци на модната недела во Париз.
Ако сите бркаме младост или формираме идеал за убавина врз основа на она што го гледаме во списанијата, тогаш ќе бидеме разочарани или малку тажни“, рече таа тогаш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.