Хрватите објавија колку заработила Александра Пријовиќ од петте концерти во Загреб.

Со пет концерти за шест дена, Александра Пријовиќ (28) стана рекордерка по исполнување на Загребската Арена. Во тој период низ Арената продефилираа околу 90.000 луѓе. Иако Концертната арена собира 22.000 луѓе, на концертите на Александра имаше 150 бар-маси, со што тој број се намали на околу 18.000.

Пријовиќ од продадените билети за пет концерти во Загреб инкасирала дури 2 милиони и 780.000 евра, пренесува 24сата.хр.

Од тоа треба да се одбијат трошоците како изнајмување на арената, сценографија, светла, бенд, стилист, шминкер, фризер, менаџер, играчи. Како што претходно објави медиумот, Пријовиќ во Загреб носела работи во вредност од над 84.000 евра!

На концертите доаѓаа од сите страни – од Германија, Словенија, Австрија, Босна и Херцеговина, сите делови на Хрватска, а повеќето од нив го организираа превозот навреме.

– И вие одите во Пријовиќ? Еве, по цел ден ги возам луѓето на концерти. Ги има од Босна, Далмација, од секаде. Вакво нешто не сум видел – рекол загрепски таксист на автобуската платформа во Загреб.

Туристичката организација на Град Загреб соопшти дека за време на првите два концерта на Александра, бројот на пристигнувања бил за 22 отсто поголем од претходната година, а бројот на ноќевања бил за 14 отсто. Од Даночната управа објаснија како е тешко да се спореди заработката во угостителството со претходната година, бидејќи цените се зголемени поради инфлацијата.

Александра Пријовиќ престојувала со семејството, пријателите, колегите и бендот во луксузен хотел во Загреб, каде што престојувале една недела. Плаќале 400 евра од ноќ.

Кога се ќе се собере и одземе, Пријовиќ „чисто“ заработила околу 2,5 милиони евра, тврди 24сата.хр.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.