„Ти си сѐ она што некогаш сум го барал. Ти благодарам што ме туркаш кон тоа да ги остварам сопствените соништа секој ден“. Вака македонскиот пејач Даниел Кајмакоски јавно и изрази љубов на новата девојка со која постојано споделува заеднички фотографии, но го крие нејзиното име.


Кајмакоски веќе некое време е во Белград, а неодамна го прослави и 39-тиот роденден. На „Инстаграм“ се пофали дека добил прекрасен подарок од девојката.

Љубов на прв поглед. Добредојде во семејството мала Нера. Едно големо благодарам за мојата девојка која ме направи премногу среќен, напиша Даниел до фотографиите од малиот црн кокер шпаниел што го добил за подарок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.