Пејачката Тамара Тодевска ја отпеа песната „Замижи“ на овогодинешниот поп-фестивал „Макфест“. Домаќините на истиот, водителите Димитар Атанасовски и Маријана Станојковска ја пречекаа Тамара во собата за гости и ѝ поставија неколку прашања, а дел од нив беа наменети за нејзините деца. Во Штип верен придружник на мама беше синот Дарен, додека Хана останала во Скопје.


Ќерка ми Хана не ме следи, последните неколку недели таа се подготвува за нејзиниот музички настап. Ќе пее на детскиот фестивал „Златно савејче“, откри Тамара.

Па присутнита на ова прокоментираа како “крушата под круша паѓа“, и и посакаа среќа на малата Хана, на нејзиниот прв солистички настап.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.