Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Стефан, пред три години реши да се повлече од јавниот живот.
Тој ја батали музиката и не им дозволуваше ниту на папараците да го фотографираат, па затоа избегнуваше семејни собири, промоции на песни на мајка му или нов бизнис.
По ненадејната одлука дека повеќе не сака да пее, првородениот на Брен престана да се појавува на јавни настани, се повлече од социјалните мрежи…
Затоа денеска сите беа изненадени кога видоа промена на Твитер профилот на Стефан. Првата објава на Стефан Живојиновиќ по три години повлекување од социјалните мрежи ги воодушеви сите.
Живојиновиќ без зборови во описот објави своја фотографија со знакот „треф“.
А сите оние кои ја видоа фотографијата можеа само да се согласат дека Стефан изгледа поубаво од кога било. Здебелен, но во видно добро расположение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.