Синот на Селма Бајрами судски му припадна на неговиот татко.
ПејачкатаСелма Бајрами во својата исповед проговори за двегодишната битка за старателство над нејзиниот син кој ѝ беше одземен. Нејзината агонија, вели таа, започнала на 23 декември 2020 година. Синот на Селма Бајрами му бил доделен на неговиот татко.
Тогаш беше донесена одлука мојот син да му припаѓа на неговиот татко. Поради короната, судовите не работеа како што треба, а постојано имаше доцнења. Му го откажав полномошното на мојот адвокат затоа што не бев во ситуација, поради пандемијата, да му платам, бидејќи како што знаете, ние пејачите бевме загрозени. Тогаш немав пари и цело време се бранев од овој човек кој ме напаѓа со години и кој користи се’ и сешто за да ме клевети како мајка – рече Селама Бајрами.
По разводот Селма вели дека имала многу тежок период, и дека се преселила во Виена со цел психички да закрепне.
Живеам во Виена, по разводот живеев таму. Причината поради која се повлеков од медиумите е тоа што сакав да се фокусирам на моето психичко и физичко здравје, се борам за старателство, се надевам дека ќе заврши како што треба – коментира таа.
Поранешниот сопруг на Селма, Мујо Мусиќ, не сака да се појавува во медиумите бидејќи не е јавна личност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.