Милан Лача Радуловиќ погребан е минатиот вторник покрај својот брат Милош и мајка му Марина Туцаковиќ. Сепак интересот на јавноста за неговата ненадејна смрт во Израел на 13 декември не се намалува, а медиумите дојдоа и до последната фотографија на Лача, која настанала само неколку часа пред да исчезне без трага. Тој по неколку дена е најден во тел Авив, без траги на живот, во една од тамошните најзлогласни квартови.

Како што може да се види на фотографијата, Лача бил повеќе од добро расположен пред својата смрт. Тој со своите пријатели после целодневна прошетка по знаменитостите, седнал во еден ресторан на интернационална кујна, а на масата може да се види и шише вино, со кое наздравувале. Лача позирал со широка насмевка и три прста на раката.

Како што се дознава, откако се вратиле од ресторанот, каде ништо не укажувало на трагедијата која следувала, Лача го сменил расположението, се сетил на покојниот брат и мајка и се расплакал. На пријателот му рекол дека сака да биде сам, па во ноќните часови излегол и рекол дека ќе се јави. За жал кога неговото тело било пронајдено, Лача бил мртов два дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.