Петар Грашо синоќа во Арената “Борис Трајковски“ одржа одличен концерт. Публиката во најголем број жени јапоздравуваше секоја негова песна која мириса на море и на Далмација.
Тој пак се довери дека му се остварил сонот да настапува во Арената каде често пееше со неговиот идол и пријател Оливер Драгоевиќ.
Грашо два часа ги забавуваше Скопјани во најголем дел со своите балади. На средина на концертот се појави и лидерот на Магазин Тончи Хуљиќ кој сега е негов дедо. Хана Хуљиќ се омажи за Грашо и сега чекаат дете.
На крајот по полноќ Грашо ја поздрави публиката со „господ да ја благослови Македонија“ побара да ги уклучат своите мобилни телефони и да ја испеат „кој ни брани се да биде како лани“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.