Познатата хрватска старлета Ава Карабатиќ, за нашата публика позната по учестото во реалните шоуа „Преживеан“ и „Големиот брат“, која сними и неколку песни, е приведена во Сплит, а против неа е издадена прекршочна пријава, бидејќи во пијана состојба ги нарушувала јавниот ред и мир и ја навредувала полицијата.

Ава е осудена на парична казна од 748 куни затоа што во февруари годинава направила инцидент на скалите од една зграда.

Како што пишуваат медиумите, старлетата во присуство на полицајци викала:

Сакате да ме ограбите, поради што е казнета.

Иако полициските службеници ја предупредија, Ава продолжи да вика, поради што полицијата и станарите од зградата се чувствуваа непријатно. Полициските службеници на крајот ја приведоа во просториите на Втората полициска станица. Таму беше задржана до 1:25 часот следното утро“, пишува хрватски портал.

Бидејќи се брои како да била приведена два дена, казната ѝ е намалена за 600 куни. Сега, Ава Карабатиќ е обврзана да плати само 148 куни. Но доколку се спротивстави на наредбата, може да биде построго казнета, ја предупредил судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.