Eдна од најпознатите русокоси во светот, Памела Андерсон (55), последниве години не се појавува често во јавноста, но кога тоа ќе се случи, таа предизвикува огромно внимание во јавноста.

Ѕвездата на култната ТВ серија „Чуварите на плажата“, е позната по своите заноси облини, но сега се појави и во малку поинакво издание.

Облечена во долг и елегантен бел фустан, со огромна шапка покриена со реси, Памела се појави на снимка на која заводливо се симнува по скали, додека зад себе влече елка. Кулминацијата на видеото доаѓа кога Памела има „близок“ контакт со Дедо Мраз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.