Најжешката хрватска навивачка, атрактивната Ивана Кнол се прослави во текот на Светското првенство во Катар, а вниманието на медиумите и јавноста го привлече со разголените изданија и провокативните пози на трибините.

Во текот на првенството, Ивана ја заследија милиони фанови ширум светот, а таа секојдневно ги „чести“ со полуголи фотографии на својот Инстаграм профил.

Иако, во меѓувреме, откако заврши првенството, популарноста ѝ опадна, Кнол се труди да посетува и други спортски настани и забави на кои се фотографира со познати личности.

Меѓутоа, неодамна на интернет се појавија папарацо фотографии од хрватската навивачка снимени во Марбеља, кои значително се разликуваат од оние кои самата ги споделува на Инстаграм.

Ивана на плажата во Марбеља парадирала во минијатурно бикини кое ги открива несовршеностите на нејзиното тело, кои инаку вешто ги брише во Фотошоп.

Папарацо фотографиите изненадија многумина, а некои пишуваат дека навивачката е потполно непрепознатлива во однос на тоа што го објавува на социјалните мрежи.

ГИ ИЗРАДУВА СВОИТЕ ФАНОВИ: Ивана Кнол се соблече гола (ФОТО)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.