На почетокот на деведесеттите мафијашките ликвидации станале посурови, а една од најстрашните било т.н облекување во бетонски чевли. Имено, на жртвата, жива или мртва, и се бетонирале нозете и ја фрлале во Сава или Дунав.
Првата ваква приказна е поврзана со Иса Леро Џамбо, братучед на пејачот Џеј Рамадановски и жесток тип од белградскиот асфалт, кој не се плашел ниту од неприкосновениот Жељко Ражнатовиќ. Исчезнал на 23 септември 1992 година, кога бил виден пред казино.Приказните говорат дека тој се закачил со обезбедувањето кое било ангажирано од агенцијата на Аркан „Делије“. Имало конфликт, по што Исо Леро никогаш повеќе не бил виден.
Според приказните кои тогаш кружеле во подземјето, тој бил одведен во Ердут, каде му биле „облечени“ бетонски чевли и завршил во Дунав. Неговото тело никогаш не беше пронајдено.Се зборуваше дека ако не е фрлен во реката тогаш е закопан во темел на бензинска пумпа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.