Пред неколку дена американската атлетичарка Лоло Џонс, која важи за една од најзгодните спортистки, наполни 40 години, а неодамна во јавноста откри дека одлучила да остане невина сè до брак и дека досега никогаш немала интимни односи.

Се обидов да излегувам со луѓе од различни сфери на животот, дури и со колеги спортисти, но секогаш следеше раскинување и моето срце беше скршено. Решена сум да имам секс за првпат само кога ќе се омажам, но не можам да го најдам вистинскиот маж, рече атлетичарката.

Но наместо да ѝ помогне во потрагата по маж, јавното признание дека е девица на Лоло ѝ донесе поголем шок –  мажите повеќе не ѝ приоѓаат.

Претходно многу размислував како би му открила на типот со кој излегувам дека се чувам, дали да почекам додека не ме запознае како личност или само да ја „фрлам бомбата“ уште на почеток. Но, сега веќе немам шанси, никој не ми приоѓа, искрено призна таа.

Покрај „сушата“, по нејзината искрена исповед таа се соочува и со осуди од околината, невкусни шеги за нејзините години и целата ситуација.

Мажи ми пишуваат во инбокс дека сум стара. Дека сум „излитена“ и дека еднаш засекогаш треба да „завршам со тоа“, вели Џонс, која призна дека овие коментари ѝ паѓаат многу тешко.

Таа вели дека редовно се моли на Бога да го најде вистинскиот маж со кој ќе се омажи и ќе создаде семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lolo Jones (@lolojones)

Ќе продолжам да му се молам на Бога да ме удостои со човек достоен за него. Со години се молам и пролеав многу солзи за Господ да ми дозволи да најдам маж. Дури и се молев на Бога ако не ме сака да се омажам, да ми ја тргне таа желба од моето срце. Но, како што минуваа годините, се повеќе сакав да се мажам и сакам да имам свое семејство. Тие постојано ми го кршат срцето, рече таа.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.