Лепа Брена пееше на свадба на геј пар на Мајорка, а таа свршувачка наводно ги чинела младенците вкупно 50.000 евра, пренесува Слободна Далмација.
Младоженецот од Белград, кој гради кариера на светската модна сцена, уште од мал е голем обожавател на Брена, пишува Мондо.
Тој и неговиот партнер, архитект од Хрватска, со својата венчавка ја крунисаа десетгодишната врска, а не штедеа ниту пари, ниту труд за да им пее Лепа Брена на свадбената веселба.
Балканската ѕвезда во придружба на својот бенд за настапот кој траеше час и половина доби 30.000 евра, а за сите останати трошоци младенците потрошија уште 20.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.