Александра Пријовиќ побара од медиумите и од публиката да не ја нарекуваат српсла пејачка бидејќи детвото го поминала во Хрватска. Тоа предизвика револт во Србија откако продаде четири загрепски арени.

Јас сум воспитана така што, во која земја и да одам, најважно ми е каков човек е. Секоја земја е посебна за мене. Во Босна сакам да слушам севдах, кога сум во Хрватска уживам да го играм Оливер Драгојевиќ, особено додека возам покрај море. Имам омилен ресторан во Загреб. Со оглед на тоа дека сето ова се случува во Хрватска, морам да признаам дека некако… тука пораснав сепак. Мислам дека луѓето кои се запознаени со тоа се многу горди на мене. Особено оние кои одеа на училиште со мене и беа пријатели. Кога ќе прочитам некаде ‘Српска пејачка’… не сум само тоа, јас сум на сите. Не сакам да кажам дека припаѓам на некого, но јас сум сечија пејачка и ги сакам сите. Не сакам некој да ме присвојува и да каже ‘само наше’. Каде и да одам публиката ме пречекува одлично и се чувствувам како да сум израсната во секоја од тие земји-вели Пријовиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.