Jeлена Карлеуша ја искоментира изјавата на Цеца Ражнатовиќ дека не носи ѓердан кој бил украден во војната во Босна.

Карлеуша тврди дека приказната е точна и оти спорниот ѓердан се уште се наоѓа во сефот на Цеца.

„Оваа „сељанка“ продолжува да лаже и да ја заведува јавноста. Ѓерданот за кој тврди дека е „измислена приказна“ постои и беше дел  истрагата кога таа беше уапсена во акцијата „Сабја“. Таа даде изјава дека дотичниот ѓердан (не накитот што го покажува на старите слики) и е во сефот.Ова, меѓу другото, беше пазарење меѓу неа и полицијата да каже  се што знае за Земунскиот клан – вели Карлеуша.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.