Американскиот актер Кенет Мичел почина на 50-годишна возраст. Неговото семејство ја соопшти тажната вест на социјалните мрежи.

„Со тешко срце ве известуваме дека Кенет Александар Мичел, сакан татко, сопруг, брат, вујко, син и драг пријател, почина“, пишува во описот на фотографијата, на која е Мичел со семејството.

Како што пишува „Дедлајн“, актерот во последните пет години се борел со амиотрофична латерална склероза.

Кенет Мичел е роден во Торонто на 25 ноември 1974 година и стана познат по улогите во „Captain Marvel“, „Miracle“, „Jericho“, „The Astronaut Wives Club“, „Ghost Whisperer“, „Switched at Birth“, „Star Trek: Discovery“, „Star Trek : Lower Decks“ и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.