Раперот Крис Браун брутално ја претепа Ријана во 2009-тата година, е сега се соочува со нов скандал. Друга позната пејачка го тужи за силување.

Позната пејачка која не го открива сопствениот идентитет, затоа што, „стравува за сопствениот живот и кариера“ во текот на минатата недела поднесе тужба до судот во Лос Анџелес против поранешното момче на Ријана, Крис Браун (32).

Таа вели дека се запознала со Крис на забава кај Шон Диди во неговиот дом на Стар Ајланд. Сепак, инцидентот се случил на јахта што била во непосредна близина на домот на Диди. Раскажува DEKA додека биле на јахтата, раперот ѝ дал пијалак, а откако го испила, почнала да ја губи свеста. Таа наводно била дезориентирана, физички нестабилна и почнала повремено да заспива и да се буди.

Се обидувала да му каже да престане, но Браун наводно ги игнорирал нејзините молби, а следниот ден ѝ се извинил и ѝ рекол дека бил изгубен и не се сеќавал дали ејакулирал во неа,па побарал од неа да земе таблета за контрацепција за „ден потоа“, а таа самата веднаш направила тестови за полово преносливи болести.

„Крис Браун тврдеше дека никогаш нема да успеам како музичар освен ако не прифатам да имам секс со него“ – се вели во тужбата.

Раперот на Инстаграм ги отфрли обвинувањата и рече дека повторно некој се обидува да му го наруши угледот ширејќи лаги.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.