Пцовки и навреди летале синоќа позади сцената на фестивалот „Песна за Евровизија 22“ во Белград, на кој Србија избира претставник за „Евровизија“. Како што пренесуваат српските медиуми, во кавгата учествувале фолк-пејачот Аца Лукас и рок-музичарот Момчило Бајагиќ Бајага.

Според извори на српски „Курир“, причина за прозивките биле спротивставените политички ставови, а кавгата почнала кога Бајага му дофрлил нешто на Лукас, по што овој му возвратил.

Бајага, поминувајќи покрај мојата гардероба, ми дофрли, а јас на свој начин одговорив на неговата провокација и тој си замина. На некои медиуми кои ми се јавија пред настапот им реков дека ништо не се случило, за себеси да не си направам уште поголема тензија пред да излезам на сцената, бидејќи Бајага веќе ме изнервира. Провокација имаше, како што реков, јас одговорив во мој стил. Да бевме на друго место, можеби и ќе го добиеше тоа што му го реков“, изјавил Лукас откако ја напушти сцената во телефонски разговор за „Курир“.

Бајага, пак, пред новинарите негирал дека нешто се случило.

Ништо не се случи! Тоа е измислено. Ништо, немам поим што беше ова, повторувал Бајага пред новинарите.

Инаку, Лукас на фестивалот се натпреварува како изведувач, а Бајага како текстописец за Душан Свилар и групата Бибер. Вечерва е второто полуфинале, додека утревечер ќе се одлучува кој ќе пее за Србија во Торино.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.