Љубовницата на Видое Ристовиќ откри сѐ за смртта на историчар на уметност. Масерката Д.Б. признала дека тој ден ѝ било роденден и дека го прославиле во нејзиниот изнајмен стан во населбата Звездара.

Видоје бил добро расположен, се чувствувал добро, не се жалел на ништо, ниту пак забележала дека нешто го боли или мачи.

По вечерата Видоје испил една пијачка, имале секс и заспале.

Во еден момент се свртела кон Видоје и забележала дека не дише и веднаш повикала брза помош. Меѓутоа, кога екипата пристигнала во станот, веќе било доцна за реанимација, па констатирале само смрт.

Д.Б. потоа за сѐ го известила таткото на Ристовиќ, Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, кој набрзо дошол да ги преземе неговите лични работи. За таа средба таа рече дека ѝ било многу тешко, и дека сѐ уште не може да се прибере од шокот што го преживеала откако Видоје починал во нејзиниот кревет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.