Сергеј Варошлија на Инстаграм објави видеа во кои вели дека за разлика од Миа Костова, тој има една поинаква и подолга приказна, а во истата ќе раскаже некои работи подетално.

Марија Пијанманов ја познавам од деведесетите години. Марија Пијанманов Плевнеш не ја познавам воопшто, а уште помалку познавам дотичен Константин Плевнеш. Никогаш во животот ниту сум го сретнал, ниту сум имал прилика да поразговарам со него, ниту да разменам било какво мислење и искуство.

Марија ја имам запознаено во деведесетите години, една добра декада се имаме дружено. Ми има оставено впечаток дека е забавна, интересна во друштво, знаела да биде интелигентна, културна, од многу фино семејство, со прекрасен татко кој многу ја сакаше, со кој што имаше специфичен однос. Човекот вероватно се превртува во сопствениот гроб гледајки ќерка му со каков умоболен човек живее, а истото она го поприма и има размена. На времето Марија беше многу атрактивна, и многу убава. Ова што го прави и од нигде никаде и мене и Миа не прозива, ќе ни остане најверојатно мистерија зошто го прави тоа, претпоставувам заради внимание. Говорот на омраза на нејзиниот профил е сериозен, ги вреѓа луѓето по секој основ. Јас обично не навлагам во јавни расправии и гледам да ги избегавам овие хиенски нископрофилни муабети, меѓутоа во овој случај тој говор на омраза е несфатлив. Претање по живот на самохрана мајка како што е Миа, на мене со најгрозни зборови да бидеме извреѓани не ми е јасно зошто од страна на нејзиниот сопруг кој не го познаваме. Тука ќе го повикам Хелсиншки комитет и Комисијата за дикриминација и сите институции да се бават, сепак тоа им е и должност“, вели Варошлија.

Тој ги замолува да реагираат најбрзо што може, а до следбениците побара да го пријават профилот заради говор на омраза.

Варошлија додаде и дека добивал пораки од Константин Плевнеш од 2018 година па се до пред некој ден.

Човек кој што се бави што јас работам, кој што виси на мојот профил, кој што се бави што продавам или како зараоботувам, мене не ми е нормално. Сакам да кажам дека станува збор за некакво растројство и тука се слагам со Миа дека не станува збор за навреда дека треба да сме свесни дека социјалните медиуми не се за во сечија рака. Социјалните медиуми не се за во рака на социопати. За крај ќе им порачам на двајцата да отидат на доктор, да им ја променат терапијата или да им дадат соодветна терапија каде што ќе се свесни и под контрола што зборат, нема да се со тикови додека зборат, нема да се вознемирени да им се тресат устите и да зборуваат нешто што е несвојствено во 21 век поготово декларирајки се како европејци, како Французи и како ројалти“, додава Варошлија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.